Екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул забележаа нови победи во Премиер лигата победувајќи ги ВБА (2-1) односно Бурнмаут (4-0) на гостинските терен во 19-та рунда од шампионатот.
„Црвените“ од Енфилд до трите бодови на Витали стадионот стигнаа со фуриозната игра во првиот дел во кој постигнаа три голови. Мрежата на домаќините ја погодија Кутињо, Ловрен и Салах. Точка на победа во второто полувреме стави Фирмињо.
Ниту предноста од 2-0 можеше да не им биде доволна на „црвените ѓаволи“ на гостувањето кај ВБА за нова победа во Премиер лигата. Лукаку и Лингард погодија за комотни 2-0 во првиот дел, но домаќините со гол во 75-та минута се вратија во игра и го примораа Јунајтед да трепери за трите бодови до последниот судиски свиреж.
По комплетирањето на 19-та рунда Манчестер Јунајтед ја задржа втората позиција, исто како и Ливерпул кој остана на 4-то место на табелата.
OhridNews