„Црвените ѓаволи“ го преставија гостинскиот дрес во кој ќе се натпреваруваат следната сезона. Новиот гостински дрес кој е црно бела боја има ретро мотиви, односно од првиот дрес во кој Манчестер Јунајтед 1992 година се натпреварувал во Премиер лигата.
– Како и самиот клуб, тој дрес навивачите го сакаа или мрзеа, но никако неможеаја да го игнорираат. Одлучивме да ги разбудиме спомените на постарите навивачи, односно оние од 90-те години кои се темел на овој Манчестер Јунајтед. – изјави Иниго Тарнер дизајнерот на новиот дрес.
Дресот од 1992 година кој е мотивот за новите гостински дресови на Мен Ју.
Во текот на овој месец Манчестер Јунајтед се очекува да го промовира и домашниот дрес кој со сигурност ќе биде во црвено бела комбинација.
OhridNews