Селекторот на Италија, Антонио Конте, открил дека минатото лето имал понуда од екипа од Премиерлигата, а медиумите истакнуваат дека се работи за Манчестер Јунајтед.
Конте во јули го напушти Јувентус , откако освои три титули во низа со ‘старатa дама’, а неколку недели подоцна го наследи Чезаре Прандели на кормилото на италијанскиот национален тим.
45-годишниот тренер потврдил дека по замунувањето од Јувентус добил понуда од англиска екипа и дополнил дека тој тим подоцна ангажирал друг тренер, кој претходно бил селектор на еден национален тим.
„Англискиот тим чија понуда добив на крајот ангажираше тренер кој претходно беше селектор на една репрезентација. Сепак предизвикот да работам со италијанскиот тим за мене беше предизвик. Да се биде тренер на екипа каде работа ви е да бирате играчи е инспиративен“, рекол Конте.
Инаку Манчестер Јунајтед беше во потрага по тренер од заминувањето на Дејвид Мојс и на крајот го ангажираше Луј ван Гал кој минатото лето ја предводеше Холандија на Мундијалот во Бразил.
„Макфакс“