Фудбалерите на Манчестер Јунајтед му одржаа час по модерен фудбал на шампионот во Премиер лигата, Лестер совладувајќи го со 3-0 на „Кинг Пауер“ стадионот.


„Црвените ѓаволи“ победникот на мечот во рамките од 24-та рунда го решија за помалку од десет минути. Мхтаријан во 41-та минута го отвори резултатот, а минута подоцна Ибрахимовиќ го дуплираше водството. Конечниот удар на „лисиците“ му го зададе Мата на стартот од вториот дел.


Со трите бодови избраниците на Жозе Мурињо се доближија на бод од Ливерпул и на два од Арсенал кои се наоѓаат на петтата односно четвртата позиција.

Резултати: Мен Сити – Свонси 2-1, Лестер – Мен Ју 0-3

Табела: Челси 59, Тотенхем 50, Мен Сити 49, Арсенал 47, Ливерпул 46, Мен Ју 45..

OhridNews