Од Граѓанско Демократската унија со благодарност до нивниот кандидат за градоначалник на Охрид, Михаил Трендафилов Нанче кој, како што истакнуваат,  несебично се вложил себеси во оваа кампања и покажал дека се може и поинаку, може и подобро.

  • Колку и некому да му изгледа „скромен” изборниот учинок на Михаил Трендафилов-Нанче и ГДУ, тоа не го менува фактот дека тој резултат е надеж за промени, би додале и невообичаено сериозни промени. Граѓаните одбиваат да бидат статисти во политичките процеси контролирани од „политичките елити”, велат од ГДУ.

Додаваат дека од нивна страна резултатите од оваа кампања ги сфаќаат сериозно и благодарно, особено што тоа станува збор за самостоен настап на ГДУ,  а двајцата водечки кандидати зад себе имаат партии.

OhridNews