Истакнувањето на големо албанско знаме на Самуиловата тврдина е нов обид за подгревање на меѓуетничките тензии и тоа повторно во Охрид, смета Граѓанско демократската унија – ГДУ. Партијата прашува дали некој намерно се обидува да ги скара христијаните и муслиманите во градот, а со тоа да ги наруши и добрите меѓуетнички односи?
Дали ова е со цел да се сврти вниманието од некои други теми? Во последнава деценија секогаш во предизборен циклус се посегнува по национализмите како одбранбено средство за немоќта на политичките партии. Власта и институциите молчат, очигледно е дека владее беззаконието и пазарењето, се со цел остварување на тесно партиски и лични интереси. Сѐ ќе се премолчи само да се победи на избори. – стои во реакцијата на ГДУ.

Предупредуваме дека подгревањето на меѓуетничките односи никогаш не излегува на арно. Бараме до крај да се расчисти овој инцидент и пред јавноста да се соопштат сите детали. Доколку оние кои раководат со надлежните институции не се способни и не се подготвени да го сторат тоа, тогаш време е за оставки. – смета ГДУ.
OhridNews











