Очигледно локалната власт под раководство од централната, нема намера да ги решава проблемите на охриѓани. Очигледно и тие чекаат датум за преговори, па проблемите сами од себе ќе се решат, констаира Граѓанско демократската унија – ГДУ.

-Во Охрид после дожд, улиците се како да имало елементарна непогода. Сликата е хаотична, фекалии на сите страни и на крај, најголемиот дел од нив завршуваат во езерото. Фекалната канализација е голем проблем кој се влече со години и постојано се даваат солуции (секако за време на изборите), а реалноста е дека нема никаква промена, дури и се даваат заклучоци дека нема излез. Па чисто да ве прашаме, ако немате решение за проблемите зошто го лажевте народот? Зошто ги баравте нивните гласови? За да седите во дебелите фотелји и да ги полните џебовите со народни пари? – прашуваат од ГДУ.

Проблемот со фекалната канализација останува, со кучињата скитници останува, проблемот со депонијата останува, всушност само ДПМНЕ замина, а СДСМ дојде и како и во минатото така и сега, се случи само мала промена на фотелјите, велат од ГДУ.

OhridNews