Локалнатс власт нема ни смелост, а нема ни решение за безредието и беззаконието, обвини денеска Граѓанско демократската унија – ГДУ. Партијата го обвинува градоначалникот на Охрид дека исполнува партиска агенда, а опозцијата за лицемерие во случајот со УНЕСКО.
Повеќе од јасно е дека партиската агенда треба да се пополни и да се бараат списоци од 20+ и 30+ за добиените работни места. Тоа е таа агенда за собирање на гласови и останување на власт и профитирање од истата. Зошто никој не се занимава со угостителите кои не исплатиле плата за февруари? Зошто никој не се занимава со таканаречените позајмници од угостителите каде им се дава сега минимална плата и истата ќе им биде одбиена во екот на летото? Зошто никој не ги штити загрозените семејства? Дали некој ќе се позанимава со обичните граѓани? Или само ќе се бараат субвенции за големците и тајкуните кои на сметка на истите граѓани го направиле тој капитал? – прашува ГДУ.

Првиот човек на ДПМНЕ во Охрид зборува за партиски вработувања, а заборавил дека беше директор и многу добро знаеме како вработувал партиски послушници. Но очигледно тој мисли дека дека тоа поминало и сѐ се заборавило. Заборавил како беше натрупана администрацијата?! За негова жал, ние не можеме да заборавиме! Заборавил како се вработуваа преку шумското илјадници луѓе и распоредувани по партиска агенда? – стои во партиското соопштение.
OhridNews











