Натпреварот меѓу Борец и Куманово не го дочека својот крај, откако во 47 минута при резултат 25-21 домашните навивачи влегоа во теренот. Како што пишува веб порталот “ти реков ми рече“ публиката влегла на терен да се пресмета со домашните ракометари незадоволна од нивната игра и залагањето. Во гужвата што настана на теренот еден гледач го турна судијата Колевски  од Скопје, по што тие се повлекоа во соблекувалните и означија крај.


Популарните “Гемиџии“ реагирале на односот на домашните ракометари кон  клупскиот дрес уште во текот на средбата, а на полувремето во соблекувалната побараале победа, иако гостите има предност до три гола.

Нивното незадоволство кулминираше во 47 минута кога при резултат од 21:25 за Куманово, по серијата грешки на велешани, навивачите во знак на протест го запоседнаа теренот. Ракометарите токму поради велешката публиката решиле на неполн час од почетокот, да го одиграат првенствениот натпревар, иако не добија ништо од бараните две заостанати плати и премии.

Во хаосот што владее во клубот, немало кој да го извести тренерот Чакарески дека сепак  ќе се игра средбата, бидејќи тој не знаел и не дошол, па  немаше кој да ја води  екипата од клупата.

Ohridnews