Македонија конечно го фати вистинскиот пат, кој ќе не извлече од долгогодишната криза и ќорсокакот како на внатрешен, така и на надворешен план, пред се, во евро-атланското поврзување, им се обрати генералот во пензија, охриѓанецот Филип Котели, претседател на Сојузот на здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, на своите раководители и членството од општинските организации од Западна Македонија.
Генерал Котели, посебно се осврна на актуелниот момент, од аспект на мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање.
– Изминатиов месец, имав работни средби со министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Можам да ви пренесам дека почувствував вистинска посветеност, во правец на градењето на мирот и безбедноста, што е од особена животна важност, не само за граѓаните во нашата земја, туку и во соседството и регионот – додаде Котели на средбата со здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста за Охрид, Струга, Дебар, Ростуше и Маврови Анови.
Генерал Котели, посебно го апострофираше охридското здружение, како најбројно и најактивно, потенцирајќи дека тоа е репрезент во земјата и странство, со развиени контакти и соработка со ветераните од Албанија, Бугарија и Србија.
OhridNews












