Пред почетокот на најзначајниот културен настан  „Охридско лето”, изминатите неколку дена екипите на Ј.П. ,,Охридски Комуналец” се максимално ангажирани за уредување на градот,  при што  посебен акцент е ставен  на стариот дел од градот и местата каде ќе се одвива уметничката програма.

На улица „Илинденска” старите садови за отпадоци се заменети со нови, a се врши косење на тревата и  хортикултурно одржување на зелените површини, додека улиците и патеките детално се чистат и метат.

-Со овие вонредни активности нашето јавно претпријатие дава свој допринос во залагањата за одржување на високо ниво на уреденост и хигиена во градот за време на одржување на манифестацијата., велат од Ј.П.,,Охридски Комуналец” .

OhridNews