Екипите на „Јавна хигиена“ деновиве темелно ги расчистуваат тротоарите, граничниците од коловозите и просторот околу тротоарите на ул.„Радојца Новичиќ“, на потегот од амбулантата до влезот во село Долно Лакочереј.
Ангажирани беа четири работници, кои го расчистуваа потегот од натрупаниот отпад во зимскиот период, односно од наносите земја и песок.
Инаку, од овој реон подигнати се околу 5 метри кубни земја, песок, трева, хартија и пластика.
OhridNews