Голема еколошка акција „Генералка Викенд“ денес во повеќе општини меѓу нив и Охрид во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста и Kостал Македонија Дооел, информираат од Општина Охрид.
Воедно, упатуваат повик до сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.
OhridNews