Од 9-ти до 11-ти мај ќе се одржи петтото издание на најголемата еколошка акција во нашата земја „Генералка Викенд“ во сите 81 општина. Организаторите, Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери, посочуваат дека пролетната акција за чистење секој мај е со цел да ја исчистиме земјата од отпадот од минатото и да го рециклираме во зелена иднина за нас и генерациите кои доаѓаат.

Во Струга акцијата ќе започне во 10:00 часот на 9 мај пред новата зграда на општината. Ги повикуваме сите граѓани на Општина Струга, според своите можност, да се приклучат на Генералка Викендот и заедно да го исчистиме градот. Најголем акцент ќе се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро, кејовите на реката Црн Дрим и Паркот на поезијата, посочуваат од Општина Струга.

Н.С.Ј.












