Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите за обемно пролетно чистење во урбаните заедници и приградските населби.
Оваа работна седмица генерално се расчистуваше во Пештани каде се подигна расфрланиот комунален отпад и трската од крајбрежниот појас, се отстрани ниската вегетација од тротоарите и пристапните патеки, се изврши метење на јавните површини, по што се изврши и миење на истите со цистерна.
Акција за генерално чистење се спроведе и во селото Лескоец, каде се подигна голема количина од кабаст отпад , зелен отпад и градежен шут, како од јавни така и од приватни запуштени површини , каде граѓаните создале мини-депонии расфрлајќи го непотребниот отпад од домовите. Во расчистувањето и подигањето на отпадот е ангажирана и специјална механизација.
Со акцијата беа опфатени сите јавни површини, како и површините покрај патот Охрид-Битола, кај Лескоец.













