По повод почетокот на учебната година, 50-тина некогашни соученици кои неодамна прославија половина столетие од полуматурата, денеска во ОУ „Григор Прлиев“ засадија дрвца и го збогатија книжевниот фонд на библиотеката.

Тие утрово на едно место ги споија избледените спомени и потиснатите емоции од детството, оставајќи белег во училиштето во кои ги поминале едни од најдобрите години во животот.

Чувството е навистина прекрасно, а средбата со другарите од детството не може да се опише со зборови. Откако ова лето се собравме и прославивме 50-годишен јублеј, раководството и директорката на ОУ „Григор Прличев“ не покана на заеднички разговор. Беше договорено да го надополниме денешниот настан, бидејќи ние бевме првата генерација која влезе во ова училиште.“ – вели Ружди Муфти.

Со скромниот буџет на „полуматурантите“ беа донирани книги и речници за потребите на учениците во висина од 20 000 денари, а во дворот на оваа образовна инститиција беа засадени 20-тина борови.

Со нашиот скромен буџет се одлуивме да донираме 20-тина борчина кои за нас се симболични, но претставуваат нешто што ќе остане во ова училиште, да не потсеќа дека тука сме ги поминале најубавите моменти во животот. Направивме список на книги и речници кои се потребни во библиотеката.“ – потенцира Муфти.

Главниот „виновник“ за оваа дружба е нашиот сограѓанин Љупчо Паункоски, кој заедно со Цано Сталески, Крсте Наумоски, Никола Георгиев и Ружди Муфти се погрижија „полуматурантите“ после 50 години да ги споделат своите животни приказни.

 „Целата работа започна пред година и половина кога на еден мој школски другар кој живее во Америка му испратив фотографија од училишните денови. Тој рече дека кога ќе дојде сака да се собереме сите кои како полуматуранти славевме заедно. Така и се случи. На први август се собравме. Тоа го виде директорката и не покани да го посетиме училиштето и да се потсетиме на училишните денови.“  – истакна Паункоски.

Настанот го надополна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска, училишното раководство и наставниот колектив.

Инаку, оваа генерација е најзаслужна за боровата шума кај „Паднатите борци“, а времето во кое учеле било исполнето со голем број акции за пошумување, различни спортски и меѓуучилишни натпревари, игранки, слетови и карневали.

Емотивната средба треба да послужи како пример за другите генерации, бидејќи преку овие настани се оживуваат подзаборавените другарства, избледените спомени од училишните клупи и „духот од минатото“ во кои моралните вредности повеќе се почитувале.

O.T.

По 50 години се сретна генерацијата полуматуранти од „Григор Прличев

По 50 години се сретна генерацијата полуматуранти од „Григор Прличев “