Фудбалерите на Барселона на погон од Лионел Меси го совладаа Атлетик Билбао со 3-1 во финалето во Купот на Шпанија и го освоија 27-от трофеј.


Меси успеа да ја крена публиката на Ноу Камп со првиот погодок за него и екипата. Аргентинецот нанижа неколку фудбалери и постигна погодок што до лудило ги доведе домашните навивачи.


Водството го дуплираше Нејмар по асистенција, а Меси со уште еден погодок стави точка на победата вредна трофеј во Купот на Шпанија.

Мх.П.