Манчестер Јунајтед во новата 2016 година ја прекина црната серија без триумф во Премиер лигата победувајќи го Свонси со 2-1 пред своите гледачи.


„Црвените ѓаволи“ последен пат трите бодови од премиерлигашки натпревар ги освоија на 21 ноември после драматичната победа на Ватфорд (2-1). До долго очекуваната победа ги одведе капитенот Вејн Руни со генијален погодок во 77-минута од натпреварот.

Руни со петта ја круниса индивидуалната акција на Ентони Марсијал кој беше творец на првиот погодок за Јунајтед во 60-та минута. Измеѓу головите на „ѓаволите“, Сигурдсон успеа да го изедначи резултатот.



Резултати : Мен Ју – Свонси 2-1, Арсенал – Њукасл 1-0, Лестер – Бурнмаут 0-0, Сандерленд – Астон Вила 3-1, Норвич – Саутемптон 1-0, Вест Хем – Ливерпул 2-0, ВБА – Стоук 3-1, Ватфорд – Мен Сити.

Табела : Арсенал 42, Лестер 30, Мен Сити 39 (-1), Тотенхем 35 (-1), Мен Ју 33, Вест Хем 32…

Мх.П.