„Црвено црните“ резултатски забележаа голема победа над Рајн Некар Ловен во четвртата рунда од групите во Лигата на Шампиони, но на теренот не изгледаше така.


Германците цели 50 минути беа тврд орев за „вардарци“. Домаќините со серија погодоци и пред се одличните одбрани на Петар Ангелов ги скршија „лавовите“ и ги зграпчија бодовите.

– Одигравме одлично во првите 50 минути, но потоа ги загубивме главите во оваа сала. Атмосферата беше одлична, а ние во завршницата направивме премногу грешки и им дозволивме лесни голови од противнапад на домаќините. Исто така, би го истакнал и голманот Ангелов, кој бранеше одлично. – рече Уве Геншајмер капитен на екипата.

Едно од најдобрите леви крила во светот поради повреда имаше блиц издание во „Јане Сандаски“ шутирајќи ги пеналите.

Мх.П.