Нема погодно време за отстранување на бесправни објекти. Градот мора да се ресетира и да се почитуваат законите, а моја работа е да ги спроведам на дело. Ова во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма го изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Тој најави дека и во следниот период општината ќе продолжи со отстранување на објектите покрај крајбрежјето согласно препораките на УНЕСКО, без оглед што за пет месеци доаѓаат локални избори.

OhridNews












