Со 243 гласа од присутните 244 делегати на 15-от вонреден Конгрес, вчера, Љубчо Георгиевски беше избран за претседател на ВМРО- Народна партија.

Георгиевски во својот говор истакна дека целта на ВМРО НП е да стане трета политичка сила во земјата, која ќе ги штити демократските начела и слободата на говорот и мислата  со цел за успешна и постабилна држава.

Лидерот на ВМРО НП не ја отфрли можноста за формирање на политички коалициии.

OhridNews