Член на младата репрезентација до 19 години и досегашен играч на Металург од Скопје, Бојан Георгиевски од денеска е член на белорускиот гигант Бате Борисов. Георгиевски (25.01.1992) денеска ги мина лекарските прегледи и го стави потписот на тригодишниот договор со шампионот на Белорусија.


Бате Борисов е редовен учесник во Лигата на шампионите, а годинава во групната фаза беше во друштво со Барселона и Милан. Во екипата од балканските простори игра Србинот Матеја Кежман.

„Како клуб изразуваме задоволство што наш млад фудбалер направи вака добар трансфер во голем клуб како што е Бате Борисов. Познавајќи ги квалитетите на Бојан веруваме дека тој ќе успее да се избори за првотимски статус во Бате Борисов и дека ќе направи успешнаевропска кариера“, изјави спортскиот директор на Металург, Никола Ѓошевски

Тој изрази надеж дека овој трансфер и натамошни добри игри ќе ја отворат вратата и за останатите наши млади фудбалери полесно да дојдат до вратите на големите клубови.

“Макфакс“
Ohridnews