Германската ракометарка Ања Алтхаус следната сезона ќе го носи дресот на Европскиот шампион Ѓер, откако договори соработка на една година со унгарскиот состав.
Информацијата за соработката помеѓу Ѓер и Германката делува изненадувачки, бидејќи ракометарката најави пензионирање по завршување на договорот со Вардар.
– Одлуката за повлекување ја донесов пред завршниот турнир во ЛШ, но понудата од тренерот и претседателот на Ѓер изгледаше примамливо и ја прифатив. – изјави Алтхаус која со нетрпение го очекува новиот предизвик во кариерата.
Пивотменот беше една од шесте ракометарки кои заминаа од Вардар по завршување на оваа сезона во која „црвено црните“ стигнаа до финалето во Лигата на Шампиони.
OhridNews