Европскиот шампион, Реал Мадрид обезбеди пласман во финалето на неофицијалното Светско клупско првенство, откако со пресврт 2-1 славеше над Ал Џазира во полуфиналето.
„Кралевите“ го торпедираа голот на Ал Џазира во првото полувреме, но не успеаја да ја погодат целта, а тоа од рака на азијците им тргна со единствениот удар кон толот за водство на полувремето.
Во вториот дел избраниците на Зинедин Зидан продолжија со иницијативата и нападите пред голот на Ал Џазира. Во 53-та минута Кристијан Роналдо со рекордниот шести погодок на СП за клубови го изедначи резултатот.
Решавачките момент на полуфиналниот натпревар се случи во 81-та минута кога Зидан во игра уфрли Герет Бејл на местото од Бензема. Велшанецот со првиот додир на топката ја погоди мрежата на Ал Џазира донесувајќи водство 2-1 кое на крајот се покажа доволно за победа.
Во финалето шампионот од Европа силите ќе ги одмери со Гремио кој во второто полуфинале со минимални 1-0 го совлада тимот на Пачука.
OhridNews