Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти во автобиогравската книга „Тивко лидерство“ откри неколку пикантерии од тренерскиот живот вклучувајќи ја причината за неговото заминување од Реал Мадрид. 58-годишниот стратег две сезони го предводеше кралскиот клуб и освои по една титула во Ла Лига, Лигата на Шампиони, Копа дел Реј и Светското клупско првенство.
– Работите се одвиваа по план, но на сред сезона излегоа два проблеми. Првиот проблем ни го „сервираше“ ФИФА која излезе со статистика дека нашата победничка серија (22 меча) во тоа време е најдобра во светот и дека бркаме некој рекорд. Притисокот на моите плеќи тогаш се зголеми од луѓето во клубот да тренираме повеќе, а мислам дека тогаш работевме со пеколно темпо, за што говорат резултатите и веќе неколку играчи имавме повредени и јас претпочитав повеќе одмот, отколку тренинг. Ден после објавувањето на статистиката ние изгубивме од Валенсија 2-1 на Местаља и како се` да се распадна во клубот. – пишува Анчелоти во книгата.
Вториот проблем кој е поврзан со неговото заминување од Реал Мадрид е Герет Бејл, кој бил заменат на дуелот со „лилјаците“ на Местаља.
– Флорентино Перез ме повика во канцеларијата на разговор. На почетокот од разговорот ми соопшти дека Герет Бејл му се јавил и бил незадоволен од измената со Валенсија. Агентот на Бејл се жалеше дека Велшанецот повеќе сакал да игра средина, отколку на офанзивно крило како што јас го ставав. Тогаш, Перез ме праша што правиме јас му вратив „Ништо, неможам системот на игра да го менувам на сред сезона“. Таа средба ја промени целата ситуација, а резултатираше со мое заминување. – открива Италијанецот.
Анчелоти паузираше една сезона од фудбалот, потоа го презеде Баерн Минхен со кој освои титула во Бундес лигата, а на стартот од втората сезона влезе во клинч со фудбалерите и доби отказ од клубот.
OhridNews