Поранешниот фудбалер и капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил упати совети до Жозе Мурињо кој нема добар почеток на клупата од „црвените ѓаволи“.
Невил во дел од својата анализа состави екипа која би го извадила клубот од резултаската криза. Манчестер Јунајтед по 11 одиграни натпревари во Премиер лигата заостанува осум бодови од лидерот на табелата, Ливерпул.
Изненадувачки во тимот составен од Невил нема место за капитенот Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ кој пак имаше ветувачки почеток на кариерата на Олд Трафорд.
На голот од тимот на Невил очекувано се наоѓа Де Геа во одбранбената четворка ќе дејствуваат Блинд, Бејли, Смолинг и Валенсија.
Средниот ред на теренот би го сочинувале Погба, Андер Ерера и Карик, а нападот ќе го предводат младите ѕвезди Марсија и Рашфорд заедно со Мхтаријан.
Со оглед на темпераментот од Мурињо многу брзо се очекува одговор на советите од Невил кој имаше кратка и неуспешна авантура на клупата од Валенсија.
OhridNews