Германец примил вкупно 217 вакцини против коронавирус во рок од 29 месеци, иако лекарите го советувале да не го прави тоа, објави списанието „Лансет“ за заразни болести.

Истражувачите од Универзитетот Ерланген-Нирнберг изјавија дека првите индиции говорат дека кај 62-годишниот човек нема никакви штетни последици. Тие за неговиот случај дознале од весниците, а потоа го поканиле да направи тестови, и пациентот тоа го прифатил, раскажува Килијан Шобер од Одделот за микробиологија на Универзитетот.

Користевме примероци од крв, урина и плунка за да се утврди точно како имунолошкиот систем реагира на таа вакцинација. Постои загриженоста дека хиперстимулирањето на имунолошкиот систем со повторени дози може да истроши одредени клетки, но не најдовме докази за тоа кај овој 62-годишен маж, додаде Шобер.

Покрај тоа, кај пациентот нема знаци дека тој некогаш бил заразен со Ковид.

OhridNews