Репрезентацијата на Германија е нов Европски првак откако во финалето на Евробаскетот што се одигра вечерва во Рига, Латвија, ја совлада Турција 89:83. Мечот изобилуваше со пресврти и атрактивни потези, а во драматичната завршница клучните играчи на Германија, пред се Шредер, одиграа мајсторски и без грешка што го одлучи натпреварот.
На спротивната страна Турција има за што да жали. Избраниците на Ергин Атаман водеа во голем дел на мечот, но никогаш не се одлепија резултатски. Предводник на Турција беше Џеди Осман кој одигра феноменален меч во кој мина 40 минути на паркетот. Одговорноста во завршницата ја презеде Шенгун кој промаши зицер и шут за три поени, што на крајот противникот го казни.
DENNIS THE MENACE WELCOME TO THE PARTY.#EuroBasket pic.twitter.com/BgySS6iCI1
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 14, 2025
Играч на финалето беше крилниот центар на Германија и белградски Партизан Бонга кој постигна 20 поени (4 од 4 за 3 поени), а за МВП на турнирот беше прогласен неговиот тимски колега Денис Шредер.
ISAAC BONGA 🥶#EuroBasket pic.twitter.com/zocC77nFBm
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 14, 2025
За Германија која е актуелен светски птвак од 2023 година, ова е втора европска титула по триумфот на ЕП во 2001 во Истанбул. Германците така им се придружија на ССР, Југославија и Шпанија кои успеале на светската да придодадат европска титула.
Прогласена е и петторката на Европското првенство во која се најдоа Адетокумбо (Грција), Вагнер (Германија), Шенгун (Турција), Шредер (Германија) и Дончиќ (Словенија).
Претходното во малото финале Грција ја совлада Финска со 92:89.
Следното ЕП ќе се одржи во 2029 година во Естонија, Грција, Словенија и Шпанија.
Г.М.
Фото: ФИБА