Без победник (1-1) заврши контролната средба помеѓу Германија и Србија која двете селекции ја одиграа на „Волксфаген“ арената во Волфзбург.

Репрезентацијата на Србија поведе 1-0 во 12-та минута со погодокот на Лука Јовиќ. Домашните фудбалерите резултатот го израмнија во 69-та минута преку Леон Горецка. Србија мечот го заврши со десет фудбалери, откако Милан Павков доби директен црвен картон во последните минути.

Селекцијата на Велс со минимални 1-0 славеше против репрезентацијата на Тринидад и Тобаго. Стрелец на победничкиот погодок беше Бенџамин Вудбурн.

OhridNews