Mисијата на тим лидерот од Проектот за заштита на биодиверзитетот во Дримскиот Басен, денеска престојува во Охрид.
Проектот опфаќа компоненти поврзани со заштита на биодиверзитетот на Охридско, Преспанско и Скадарско Езеро. Главната компонента која се однесува на Охридското Езеро е заштитата и унапредувањето на Студенчишкото блато и другите блатни предели како дел од екосистемот на езерото.
-Целта ни беше со германска помош да ја ставиме и заштитата на Студенчишкото Блато и другите блатни предели во сливот на Охридско Езеро како еден од главните приоритети. Од тим лидерот на денешната средба бевме информирани дека заштитата на Блатото дефинитивно станува една од компонентите на проектот. Ваквиот обезбеден меѓународен интерес очекувам да помогне конечно да почнеме со реално решавање на иднината на она што остана од Студенчишко блато во границите на строго заштитениот дел и негово идно искористување во туристички и научни цели што повратно пак долгорочно би ја обезбедило негова одржливост.-изјави Дејан Пановски, македонски претставник во проектот.
Проектот е финансиран од Германската влада преку ГИЗ и ќе се имплементира преку Министерствата за животна средина како институционални партнери, а е дел од лобирањето и во рамки на процесот Дримски дијалог.
Во Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид е воведена интраваскуларна литотрипсија (IVL) со системот Shockwave# светски позната со...
Од наш највисок државен интерес е создавање на силни безбедносни коалиции со што ќе овозможиме посилен заеднички глобален напор во борбата со илегалната миграција и во борбата со сериозен криминал ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во изминатите два дена во Охрид, беше домаќин на регионалната платформа Joint Migration Task Force, посветена на справувањето со илегалнат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.