Германија објави потерница за Анис Амри, Тунижанецот, кој е осомничен за нападот на Божикниот маркет во Берлин. Државата нуди награда од 100.000 евра за било каква информација која ќе им помогне да го најдат. По него се трага во Германија, а извршени се проверки и на границата со Холандија, во Данска и Шведска.

Како што јавуваат светските медиуми, еден од браќата на Амри упатил апел до него да ѝ се предаде на полицијата. Тој шпекулира дека неговиот брат можно е да е задоен со радикална идологија во затворот во Италија каде бил по заминувањето од Тунис по демонстрациите за време на Арапската пролет. Германската полиција го имала обележано Амри како потенцијална закана уште пред нападот и се обидувала да го депортира уште од јули кога била одбиено неговото барање за азил.

Во нападот со камион на Божикниот пазар во Берлин, што се случи понеделникот вечерта, загинаа 12 лица, а над 45 беа повредени.

OhridNews