Селекцијата на Германија со убедлив триумф над Камерун 28-15 (16-8) ги започна натпреварите на 23-то Светско првенство во женска конкуренција.
Германките од почеток до крајот на натпреварот доминираа и сосема заслужено стигнаа до победа. Селекторот ги ротираше ракометарки и сите ја поделија минутажата.
Ракометниот Мундијал се одржува во Германија, а мечот денеска беше само вовед на она што ги очекува вљубениците во ракометот престојните две недели.
OhridNews