Најголемата ѕвезда на овогодинешниот меѓународен филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Србија, германската глумица Барбара Сукова, на одржаната прес-конференција покрај што го претстави филмот „Далиленд“ во кој има улога, побара и помош да пронајде две Македонски кои ги запознала во 1963 година додека како тинејџерка била на летување со родителите во Охрид, пренесува српскиот портал N1.

Таа го привлече вниманието на српските новинари со повикот да ѝ помогнат да пронајде две жени кои ги запознала во Македонија кога биле деца во 1963 година.

Имено, во таа година, актерката со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид каде запознала две девојчиња – Зорица и Билјана.

Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе.

Ги чував и носев секаде со себе. Тие две сега се како мене, во средните седумдесети години. Би сакала повторно да ги видам. Бидејќи не користам социјални мрежи, можеби можете да ми помогнете да ги пронајдам, порачала актерката, која покажала и фотографија од нив.

OhridNews

извор. N1