Германската фудбалска лига по квалитет не може да се мери со Премиер и Примера, но она што ја краси лигата е профитот, кој го прават од првите две лиги.


Минатата сезона во првата и втората лига екипите оствариле профит од неверојатни 2,45 милијарди евра што е за 12% повеќе од претходната.

Приходите на германските клубови растат од година во година веќе една децинија. Пред десет години профитот изнесувал милијарда евра, а во сезоната 2008/09 прв пат била пробиена границата од два милијарди евра.

– Германскиот професионален фудбал последниве години доживеа голем напредок. Ваквиот развој на настаните ќе овозможи уште поголем влог во фудбалот и во спортот воопшто во Германија – рече извршниот директор на Бундес лигата, Кристијан Сејферт.

Минатата година тринаесет од осумнаесет клубови ја завршиле со позитивно конто на сметката, а вкупно со си втората лига 24 од 36 работеле со профит.

Премиер лигата е водечкa во заработувачката, но кога ќе се споредат влоговите со Бундес лигата, тогаш германска е далеку пред англиската и другите светските лиги.

Токму квалитетна лига и добрата стратегија за развој му овозможи на фудбалската репрезентација да се „прошета“ до трофејот на Светското првенство одиграни минатата година во Бразил.

Ohridnews