Незадоволен од минутажата во Пари Сент Жермен германскиот чувар на мрежата, Кевин Трап посакува да го напушти клубот и да се проба во некој друга екипа.

Менаџерот на Германецот кој „светците“ ги засили од Ајнтрахт 2015 година ќе му го понуди на „црвените“ од Енфилд кои имаат евидентен проблем со голманите по доаѓањето на Јирген Клоп за тренер.

– Мојот клиент сака да го напушти клубот поради слабата минутажа и недовербата од тренерот. Има неколку опции за негова следна дестинација кои ќе разгледаме и ќе ја одбериме најдобрата. – изјави неговиот менаџер.

Во редот за услугите на Трап веќе застана Кристал Палас, но менаџерот притиска за преселба на германскиот голман во Ливерпул, кој би добил шанса и доверба од неговиот сонародник на клупата.

OhridNews