Еден германски пензионер бил уапсен на границата помеѓу Германија и Луксембург со 100 илјади евра сокриени во чевлите. Според германските медиуми, 73-годишниот Баварец бил приведен од германските цариници кои во секој од неговите чевли нашле по 50 илјади евра во крупни апоени и уште 100 илјади евра во неговиот куфер.
Германските државјани во себе можат да имаат најмногу десет илјади евра кога ја минуваат границата која ги дели Германија и Луксембруг, кој важи за фискален рај. Пензионерот, чие име не било наведено, кога бил уапсен се враќал од Луксембург.