Германскиот ракометен првак Кил ќе му биде противник на Европскиот шампион, Барселона во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.


„Зебрите“ во осмифиналето успешно го минаа унгарскиот преставник Пик Сегед победувајќи го со (36-29) во реванш натпреварот.

Германците на крилата од данскиот голман Никлас Ландин кој имаше 16 одбрани успеаја да ја анулираат предноста од четири погодоци (29-33) на унгарците од првиот меч.


Останатите учесници во четвртфиналето ќе бидат познати викендов. Македонскиот шампион Вардар во Скопје ќе ја пречека Висла, првиот меч заврши 30:30, овој меч ќе се игра в сабота од 18 часот.

Во сабота на програмата се и дуелите Кјелце-Мешков Брест (32:28) и Веспрем-Мотор Запорожје (29:24). Дуелите Фленсбург-Монпелје (28:27) и Рајн Некар-Загреб (24:23) ќе се играат в недела.

OhridNews