
Пропагандниот материјал е печатен во половина милион примероци и се наоѓа во 1.200 продажни места колку што ги има оваа германска туристичка агенција во Европа и пошироко.
Ова е првпат по 15 години Македонија да се најде на страниците на туристичките понуди на познатите светски туристички агенции, соопшти Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија ХОТАМ.











