Бараж дуелот помеѓу Хофенхајм – Ливерпул е најатрактивен пар од десетте кои беа извлечени за четвртата квалификациска рунда за пласман во Лигата на Шампиони.

Екипата на Копенхаген која го елиминираше Вардар силите ќе ги одмери со Карабах, додека македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Ленард Жута кои ги бранат боите на Ријека ќе се сретнат со Олимпијакос.

Првите натпревари се играат на 15/16 август, а реваншите недела дена подоцна.

Двојки:

Карабах – Копенхаген

АПОЕЛ – Славија Прага

Олимпијакос – Ријека

Селтик – Астана

Хапоел Беер Шева – Марибор

Башекшехир – Севиља

Јанг Бојс – ЦСКА Москва

Наполи – Ница

Хофенхајм – Ливерпул

Спортинг Лисабон – Стеауа

OhridNews