Претставниците на трите најголеми автомобилски производители во Германија постигнаа договор со германските власти.

На состанокот на кој присуствуваа претставници од Volkswagen, BMW и Audi, како и од германската влада, постигнат е договор за намалување на емисиите на азотните оксиди, кој ќе резултира со доброволен сервис на околу 5,3 милиони автомобили.

Се работи за автомобили со дизел погон со Еuro 5 и Euro 6 стандард на кои после софтверски подесувања ќе им биде намалена емисијата на азотни оксиди за 25 до 30%. Очекувано, најголемиот дел од автомобилите се од компанијата Volkswagen, дури 3,8 милиони.

Освен сервис на спорните автомобили, сите три производители на сопствениците на постари автомобили со повисок степен на загадување на животната средина ќе им понудат можност за откуп и купување на нов автомобил со посебни поволности. Така компанијата BMW во Европа на сите сопственици на дизел автомобили со Euro 4 стандард им нуди бонус од 2000 евра при купување на нов BMW или Mini автомобил. Сличен бонус најави и Мерцедес, но со напомена дека износот ќе зависи од моделот, а единствениот услов е тоа што понудата трае до крајот на оваа година.

А.М.