Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола по завршувањето на договорот со минхенски Баерн ќе ја преземе палката во Манчестер Сити.
Германскиот весник „Спорт Билд“, кој прв ја пренесе информацијата дека Гвардиола ќе премине во Баерн, сега носи нова сензационална вест.
Договорот на Гвардиола завршува во јуни следната година, а после тоа треба да премине во редовите на англискиот премиерлигаш.
Поранешниот тренер на Барселона се поврзуваше и со преземање на селекторската функција на Катар во 2022 година, кога се домаќини на Светското првенство во фудбал.
Мх.П.