Далеку се германците од тоа место во моментов, го знаат и тие тоа, па затоа мораат вака да ги прославуваат победите против “малите“ како што е Македонија.
„Победа за преживување“, „Не спасија голманите“, „Играчите славеа како да станале светски прваци“, „Победа во трилер завршница“, „Германија поуспешна во играта на нерви“, беа само дел од насловите на германските медиуми ден по големата победа.
Но, победа си е победа. Германија остана во трка за место на Олимпијадата, a за нас преостанува мечот со Чешка, на кој единствено со победа остануваме во Србија. На дуелите со Шведска и Германија покажавме дека знаеме да играме и да одговориме на предизвикот, но за победа во пресметката со Чешка сигурно дека ќе ние потребна и спортската среќа која барем засега ни го заврте грбот.