Европското кошаркарско првенство кое ќе се одржи годинава во четири земји ќе биде едно од најквалитетните во последниве неколку години.


По учеството на италијанските супер кошаркарски ѕвезди тоа го потврдија и германските односно Дирк Новицки и Крис Кејман.

Меѓу четирите домаќини на ЕП се појавува и Германија, а европска кошарка ќе се игра уште во Хрватска, Франција и Латвија.

– Зборував со повеќе играчи и сите посакуваат да играат на Евробаскетот во Берлин, а тука секако се нашите први ѕвезди Новицки и Кејман – рече селекторот на „панцирите“ Флеминг.

НБА ѕвездата на Далас Маверикс, Новицки по четири години се враќа во селекцијата откако последен настап му беше на ЕП во Литванија 2011 година.

Германија во групата Б се наоѓа со селекциите на Исланд, Турција, Шпанија, Србија и Италија.

На 39-то Европско првенство ќе учествува и Македонија, која се наоѓа во Ц групата со домаќинот Хрватска, Холандија, Грција, Словенија и Грузија.

Ohridnews