Суспензијата на теренот од два натпревари поради нападот на судијата во дуелот со Ренова, ги одалечува прилепчани од својот двор “Гоце Делчев“. 11 Октомври своите првенствени натпревари со Силекс и Шкендија ќе ги игра во Охрид, на стадионот “Атина Бојаџи“. Избранаците на Марјан Секулоски ги искористија максимално условите и доброто време да се подготват за мечевите што престојат.


На натпреварот со Силекс атакуваме на трите бода, кои ни се повеќе од потребни. Ситуацијата е многу лоша,  мора да работиме напорно за да ја подобриме “бледата“ слика што ја создавме од наша страна – потенцира Гешоски.

Среќата му го заврте грбот на прилепчани во ждрепката за Купот на Македонија, “црвените“ го добија лидерот на табелата во првата лига Вардар кој е голем фаворит во овој дуел.


Во купот се играат два натпревари, првиот го играме во гости, вториот се враќаме пред нашите навивачи,Вардар е најдобар во овој дел од првенство. Ние нема што да загубиме може само да добиеме, а пехар од Купот на Македонија супер би ни дошол – заврши робусниот напаѓач на прилепчани Гешоски.

Мх.П.