Бодовната разлика помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид изнесува само седум бодови, откако каталонците ремизираа со Гетафе (0-0) пред своите гледачи на Ноу Камп во 27 рунда од шпанската Примера.

Очекувано, Лионелс Меси и дружината имаа повеќе посед и шанси за голови, но гостинскиот состав со коректна и организирана игра успеа да извлече бод кој ќе значи за самодовербата во екипата.

Атлетико Мадрид ги искористи неколкуте киксови на Барселона и се врати во игра за титулата, бидејќи пред пет натпревари разликата на табелата беше двоцифрена.

Резултати: Севиља – Жирона 1-0, Барселона – Гетафе 0-0, Селта Виго – Еспањол, Валенсија – Леванте.

OhridNews