Фудбалерите на Охрид денес во рамки на 29-то коло од Втората фудбалска лига гостуваат кај екипата на Детонит Плачковица. Натпреварот се игра на градскиот стадион во Радовиш со почеток во 16:30 часот.

Охрид на табелата и натаму е четврт со 62 бода, а пред него се екипите Шкендија Арачиново со 63 бода, додека со исто бодови, 62, се екипите на Скопје и Брегалница.

OhridNews