ГФК Охрид Лихнидос денеска на домашен терен го пречекува Горно Лисиче во натпревар од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Средбата на стадионот „Билјанини Извори“ ќе започне во 16 часот, а охридските сино-бели ќе атакуваат на нови бодови пред својата публика.
Охрид одлично ја отвори новата второлигашка сезона. Во првите три кола забележа три победи – над Новаци со 2:1 и Кожуф со 5:1 на домашен терен и над Тетекс со 3:0 на гостувањето во Тетово.
Во меѓувреме, сино-белите го завршија настапот во Купот на Македонија, откако во средата минимално загубија на гостувањето кај Новаци со 1:0. Сега фокусот повторно е насочен кон првенствените предизвици.
Од ГФК Охрид Лихнидос ги повикаа љубителите на фудбалот да дојдат на „Билјанини Извори“ и да му дадат поддршка на тимот.
Натпреварот Охрид Лихнидос – Горно Лисиче се игра денеска, 13 септември, со почеток во 16 часот.
OhridNews












