Екипата на ГФК Охрид Лихнидос убедливо го совлада  прволигашот Шкупи со 3:0 и обезбеди пласман во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Стрелци на головите за Охрид беа Антонио Каланоски и Иван Глигоров кој стрелаше два пати.

Со оваа победа Охрид ги потврди високите амбиции оваа сезона, а Шкупи ја продлабочи кризата во која се наоѓа клубот од скопски Чаир.

Денеска се одигра уште еден натпревар од фудбалскиот Куп во кој Детонит Плачковица на гости ја совлада Беласица со 1:0.

Преостанатите патници во 1/4финалето ќе бидат познати по завршување на останатите средби кои ќе се играат во следните две седмици.

Г.М.