Градскиот фудбалски клуб Охрид-Лихнидос со драстично изменат и подмладен состав ќе ги продолжи натпреварите во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Екипата на Охрид ќе биде составена од играчи кои доаѓаат од спортската фудбалска академија и неколку искусни играчи кои останаа во клубот предводени од Александар Бакулески кој ќе ја има улогата на тренер и играч.

Во втората полусезона охридските фудбалери ќе имаат и нови дресови кои се донација од германскиот град Висмар. Комплет новите дресови на охриѓани им ги додели Фридер Вајнхолд кој им посака многу среќа и успех во следните мечеви.

Мечевите во Третата МФЛ, Охрид ќе ги продолжи викендов кој доаѓа, а силите ќе ги одмери со Преспа на домашен терен.

OhridNews