Уругвајскиот интернационалец Мартин Касерес преговараше со Барселона, ги мина лекарските прегледи на Сан Сиро, а на крајот парафираше договор со Саутемптон.


„Светците“ го преставија поранешниот фудбалер на Јувентус кој со потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување.

– Предизвикот да настапувам во Премиер лигата беше одлучувачки, а и понудата од Саутемптон беше многу подобра од другите. – кратко изјави на преставувањето Касерес.

Дефанзивецот треба да преставува квалитетно засилување за Саутемптон кој на 26 февруари во финалето против Манчестер Јунајтед во Лига купот ќе брка титула.

OhridNews